ДАРКО МИТРЕВСКИ: НАШИОТ ГОЛЕМ ФАЛСИФИКАТ (осми дел)

Нова Македония недела, (осми дел) |19 дек. 2915

И нели малку боде очи податокот што една македонска сепаратистичко-терористичка организација формирана во 1893 година (и распадната петнаесетина години подоцна) имала илјадници пати поголема фототека од една модерна сепаратистичко-терористичка организација каква што е ЕТА, формирана во 1959 година (и активна до пред само четири години), на која ѝ биле достапни сите современи технолошки направи за запис на слика и тон, од видеокамери до мобилни телефони?

Ако за што било на светов македонските и бугарските историчари би можеле да се согласат, тоа е нивното воспевање на „најромантичниот дел од бугарската историја“ (како што тоа го нарече бугарскиот претседател Прванов), односно „илинденската епопеја“ (како што тоа се нарекува по македонските историски читанки). И, се разбира, кога ќе видите два закрвени балкански народи обединети во нивната митоманија, веднаш вклучете го алармот на своето рацио! Бидејќи ниту тој бугарски „романтичен дел“ бил романтичен како што тоа Бугарите денес го сонуваат ниту, пак, таа македонска „епопеја“ била епична како што ние Македонците денес ја замислуваме. Пред сѐ, затоа што историските актери што го воделе сето тоа биле доста… ај да речеме некадарни.

Доколку денес на гугл-имиџ напишете „еускади та аскатасуна“ (што е оригиналниот назив на баскиската сепаратистичко-терористичката организација позната како ЕТА), ќе добиете доста скромна збирка на фотографии, на кои главно позираат маскирани луѓе пред некојси симболи. Но доколку на истиот интернет-пребарувач напишете „ВМОРО“, пред вас ќе се отвори огромна збирка на фотографии, на кои ќе можете да ги најдете речиси сите дејци што нешто значеле во оваа тајна организација – а еден голем дел од нив и во разни изданија: профилни портрети, анфасни портрети, семејни портрети, индивидуални фотографии во цивилна облека, индивидуални фотографии во комитска униформа, групни фотографии со соработниците, масовни фотографии со одделни чети, фотографии од одделни средби, состаноци и конгреси… Се добива впечаток дека секој револуционер што држел до себе, со себе носел по еден личен фотограф, кој имал задача да ги овековечи најбитните моменти од неговиот живот – или, пак, си правеле самослик?! Како и да е, нели ваквата транспарентност е малку чудна за една тајна организација, која толку многу инсистирала на тајноста што дури и зборот „тајна“ го носела во едно од своите имиња: ТМОРО? И нели малку боде очи податокот што една македонска сепаратистичко-терористичка организација формирана во 1893 година (и распадната петнаесетина години подоцна) имала илјадници пати поголема фототека од една модерна сепаратистичко-терористичка организација каква што е ЕТА, формирана во 1959 година (и активна до пред само четири години), на која ѝ биле достапни сите современи технолошки направи за запис на слика и тон, од видеокамери до мобилни телефони? Нели ви изгледа непромислена (да не употребам полош збор) идејата на отоманскиот угнетувач да му оставите детални докази за тоа како изгледате, на која возраст сте, кои се членовите на вашето семејство, кои се вашите конспиративни собраќа и другари, колку се бројни вашите вооружени формации, како се вооружени, кој сѐ членува во нив, кои ознаки ги носат и каде се движат? И тоа не еднаш или двапати, туку педантно и уредно во текот на целата ваша револуционерна кариера, небаре не работите за ослободување на Македонија, туку сте манекен од хонорарните списоци на цела една низа модни магазини и списанија! Да сакале Турците да поставуваат скриени камери, немало толку добро и детално да завршат работа како што им ја завршиле самите комити!

13228161_10209280762199021_2046942526_nНекој малициозен ум од сево ова би можел да изведе заклучок дека македонските дејци биле неопеани аматери, што е доста злобно толкување…, арно ама, нема друго! Имено, кога ќе ги погледнете историските факти, сакале-нејќеле доаѓате до следните заклучоци:

Вооружувањето на организацијата било несмасен и некоординиран процес, кој речиси „на тепка“ бил разоткриен од Турците во таканаречената „Виничка афера“.

Капиталните акции на комитските чети биле стихијни: во своите мемоари, комитската заложничка Елен Стоун детално раскажува дека војводата Сандански немал никаква идеја како да се справи со последиците на нејзиното грабнување (што најдобро се гледа во неговото слепо повторување на народната девиза: „Сме се фатиле во орото и ќе го играме докрај!“).

Голем дел од парите од грабнувањето на Мис Стон (што во тоа време била огромна сума, дури и за тогашните американски стандарди!) ги загубиле Гоце Делчев и Васил Главинов бегајќи пред турска потера (иако Делчев ќе тврди дека парите ги скриле и дека Главинов подоцна ги украл).

Според сеќавањата на Павел Шатев, солунските атентатори своите тунели ги копале со месеци – бидејќи неколкупати го згрешиле правецот на копање!

Со своите атентати, солунските атентати не постигнале никаква (ама баш никаква!) цел. Бадијала загинале.

Одлуката на Смилевскиот конгрес за кревање востание била од воен аспект целосно непромислена. Навистина, како ли тоа „дејците“ замислувале на моќната отоманска артилерија да ѝ се спротивстават со црешови топчиња?

Управувањето со привремената Крушевска Република било доверено на адолесценти (претседателот на републиката Никола Карев имал само 26 години!).

Целта на востанието била вклучување странски држави (пред сѐ Бугарија) во војна против Турција, што било нереална процена базирана на ветувањата на Борис Сарафов, кој се колнел во своите „конекции“ на софискиот двор.

Откако странските држави не се вклучиле во судирот, комитите немале резервен план освен да се повлечат и да го препуштат градот на одмаздничките акции на аскерот и башибозукот. Оваа непромислена авантура била платена со над 900 убиени борци, околу 4.500 убиени цивили, над 3.000 силувани жени, речиси 200 грабнати момичиња, 12.400 опожарени куќи и над 70.000 бегалци. Придобивки? Никакви!

Комитските чети броеле 25.000 луѓе под оружје (малтене сите до еден фотографирани, како што реков). Ова оружје најверојатно било парадно, бидејќи загубите на противничката страна биле незначителни. Статистиката вели дека повеќе турски војници умреле од грип и маларија отколку од комитски куршум.

Ретките епски битки на комитите против турскиот аскер (како што се битката кај Мечкин Камен и битката кај Ножот) биле стопроцентни порази. Не постои запис за ниту една голема победа на ВМОРО!

Ах, да – да не заборавам: Крушевскиот манифест, оној што го учиме уште во петто или шесто одделение, во кој наводно Привремената влада со помирувачки тон им се обратила на своите турски и муслимански соседи – е фалсификат од криминални размери! Не дека таков документ не постоел – но не постоел во тоа време. Имено, станува збор за текст од едно дело на Никола Киров Мајски напишано пар децении по славната Илинденска епопеја. (Овој факт дури и малку пописмените македонски историчари нема да ви го негираат.)

Толку за романтиката, толку за епопејата, толку за тоа (во тоа време непостојно) славно име ВМРО. Во наредното продолжение ќе се навратам на сериозните теми.

admin

Napsat komentář

Vaše emailová adresa nebude zveřejněna. Vyžadované informace jsou označeny *